Со цел да се зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проект беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. Следствено на ова, дел од активностите беа фокусирани на јакнење на капацитетите преку спроведување на тематски обуки наменети за здруженија на граѓани и локалните самоуправи, притоа земајќи ја во предвид еднаквата регионална распределеност.
Исто така, беа спроведени и истражувања за финансиска и нефинансиска поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти, како и за препознавање на позитивните примери за соработка во Република Северна Македонија, на Балканот и во Европската Унија.
Оваа публикација има за цел и да ги претстави резултатите од спроведените истражувања кои беа јавно презентирани за време на регионалните форуми и панел дискусии, организирани во повеќе општини во државата.
Публикацијата издадена на македонски и англиски јазик, можете да ја пронајдете подолу.
Издавач: Подружница на Асоцијација на агенции за локална демократија - АЛДА Скопје
Автор: Ивана Петровска, Ивана Велкова, Мартин Алексоски
Година на издавање: 2019