Партнерите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ се состанаа на 12.06.2019 година во Скопје, по Форумот за размена на добри практики.
Оваа редовна средба имаше за цел партнерите да дискутираат за изминаните активности, со посебен акцент на форумот и свежите импресии кои произлегоа од плодната дискусија на настанот.
Дел од состанокот беше и посветен на идните настани и преостанатите активности.
Следните неколку месеци ќе бидат исполнети со форуми и панели во повеќе градови, како и дигитални кампањи посветени на нашите истражувања и резултати, следете нè на нашите профили на социјалните мрежи за повеќе информации.