Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на Финансиски работници од Велес и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015. Во рамки на проектот, партнерите спроведуваат ре-грантова шема за локални граѓански организации.
Главната цел на проектот е да се зајакне улогата на локалните граѓански организации со цел да се поттикне нивно учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Ре-грантовата шема има цел да придонесе кон главните цели на проектот.
Наградени се 12 иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. Ќе бидат организирани 4 обуки за грантистите од страна на АЛДА Скопје, со што ќе се обезбеди успешно спроведување на проектите.
Целосната листа со грантистите може да ја пронајдете овде.