Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.
За потребите на проектот, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес објавува оглас за изработка на веб апликација која ќе биде поставена на веб страната на проектот: www.lokalnademokratija.mk.
Веб апликацијата треба да биде изработена во период од 30 (триесет) работни денови, од денот на потпишувањето на Договорот помеѓу ЗФР-Велес и избраната компанија.
Сите заинтересирани правни лица треба да ја достават понудата со потребната придружна документација најдоцна до 30.03.2018 година, до 17:00 часот. Понудата треба да биде доставена по електронски пат на електронската адреса на ЗФР-Велес: zfrlsjpv@t.mk. Понудата треба да биде скенирана, со потпис и печат од овластеното лице.
Забелешка: Рокот за доставување понуди е продолжен до 05.04.2018 година, до 17:00 часот.
Пронајдете го целиот оглас ОВДЕ.