Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Јавен повик за избор на обучувач(кa) - Продолжен рокот за пријавување

  • 21 mars 2018
Јавен повик за избор на обучувач(кa) - Продолжен рокот за пријавување

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.

Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Со цел успешна и непречена имплементација на проектите кои ќе бидат селектирани, од страна на АЛДА Скопје ќе бидат организирани 4 обуки за зајакнување на капацитетите на организациите кои ќе ги спроведуваат селектираните проекти.

Партнерите објавуваат јавен повик за обучувач(кa) коj(a) ќе бидe ангажиран(a) на обукa во периодот помеѓу април и мај 2018 година.

Забелешка: Рокот за доставување понуди за обуката „Финансиско раководење“ е продолжен до 12.04.2018 година, до 17:00 часот.

Крајниот рок за пријавување е 30 март. Деталниот јавен оглас може да го пронајдете овде.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix