На 16 и 17 декември во Скопје се одржа обуката „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови” која имаше за цел зајакнување на капацитетите на организациите и општините.
Учесниците има можност да се запознаат со различните аспекти потребни на организациите и општините при аплицирање и спроведување на проекти. Преку интерактивна дискусија со учесниците и споделување на нивните искуства, беше разгледано користењето, предностите и недостатоците на различните фондови, како и различните фази на проектен циклус.
По теоретскиот дел, учесниците работеа во групи на конкретни задачи. Работата во групи се однесуваше за развивање на проектна идеја (дефинирање на потреба, проблем, цели, резултати и активности) како и потребните ресурси и буџетирање. Обуката се финализира и заврши со правење на логичка рамка (матрица) каде учесниците повторно работеа во групи и на крај презентираа и дискутираа околу тоа.
Оваа обука е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес и финансиски поддржана од Европската Унија.