Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Обука Проектен циклус и ЕУ фондови организирана во Скопје

  • 19 dhjetor 2019
Обука Проектен циклус и ЕУ фондови организирана во Скопје

На 16 и 17 декември во Скопје се одржа обуката „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови” која имаше за цел зајакнување на капацитетите на организациите и општините. 

Учесниците има можност да се запознаат со различните аспекти потребни на организациите и општините при аплицирање и спроведување на проекти. Преку интерактивна дискусија со учесниците и споделување на нивните искуства, беше разгледано користењето, предностите и недостатоците на различните фондови, како и различните фази на проектен циклус. 

По теоретскиот дел, учесниците работеа во групи на конкретни задачи. Работата во групи се однесуваше за развивање на проектна идеја (дефинирање на потреба, проблем, цели, резултати и активности) како и потребните ресурси и буџетирање. Обуката се финализира и заврши со правење на логичка рамка (матрица) каде учесниците повторно работеа во групи и на крај презентираа и дискутираа околу тоа.

Оваа обука е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес и финансиски поддржана од Европската Унија.

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2022 by Softage
Back To Top