Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој

  • 1 nëntor 2019
Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој

На 29 Октомври, во просториите на Советот на Општина Чаир се одржа Панел Дискусија насловена „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој“. Панел дискусијата ја отвори Марија Вељовска – Кондовска од Генерален секретар на Европско Движење, која даде воведни согледувања на клучните прашања поврзани со оваа материја. 

Како прв говорник од панелистите, збор зема Г. Дејан Павлески, Заменик Министер за Локална Самоуправа. Тој ги потенцираше сите мерки кои биле направени од страна на владата во однос на децентрализацијата. Го истакна законот за рамномерен регионален развој. Според него, Скопје 2014 е грубо кршење на принципите за рамномерен развој бидејќи се потрошени околу 800 милиони евра на многу мал простор. Потоа се осврна и на работата и улогата на регионалните совети кои ги гледа како многу добра платформа. За крај, Г. Павлески презентираше и дел од плановите на Владата кои наскоро треба да започнат со реализација.

Потоа следуваше излагање на Г. Захир Бектеши, Претседател на советот на Општина Чаир. Според него, за да имаме рамномерен развој треба да знаеме и оптимално да ги користиме средствата. Ги наброја клучните сегменти кои е потребно да се почитуваат при припрема на буџетите. Како клучна причина зошто споро се реализираат проектите, Г. Бектеши ги наведе недоволната екипираност и стручноста на општинските администрации. Тоа е највидливо и преку буџетирањето и преку реализацијата на проектите.

Милена Димитровска од АЛДА- Скопје беше следен говорник. Таа ги презентираше резултитите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, најавувајќи ја публикацијата која ќе биде во доменот на финансиското работење на општините. Г-ѓа Димитровска се осврна и на општинската соработка, односно колку општините соработуваат меѓу себе и во кои полиња таа соработка е најинтензивна.

Четврт говорник на оваа панел дискусија беше Г. Зоран Јанкуловски од Здружението на Финансиски работници од Велес. Тој го објасни процесот за тоа како најчесто се задолжуваат општините, нарекувајќи дел од буџетите „желботеки“, бидејќи не соодветсвуваат со реалните можности. Недоволната финансиска децентрализација ја продлабочува дупката во која паѓаат голем дел од општините. Ги спомена и Локалните Акциски Групи како можност повеќе чинители да се вклучат во работата во својата средина. Г. Јанкуловски ја објасни и публикацијата дел од проектот, презентирајќи 5 од препораките кои ќе произлезат од истата. Исто така најави и веб апликација за поголема достапност на податоците.

Александар Кржаловски беше следен говорник. Тој ја презентираше работата на МЦМС во однос на локалните самоуправи, нагласувајќи дека денес повеќе се во советодавна улога. Според него, ние најдобро ги знаеме проблемите и најдобро би ги знаеле и решенијата. Нагласи дека многу од работите кои денес пробуваме да ги решиме, претходно биле многу добро уредени, но не сме биле доволно мудри да ги задржиме.

Воведниот дел од панел дискусијата го затвори Проф. Милева Ѓуровска, Претседател ан Европско Движење.  Таа најпрво се забклагодари на сите панелисти и на општината Чаир за гостопримливоста. Потоа се осврна на поглавјето 22, за кое нагласи дека е тешко поглавје, но ќе мора да го одработиме квалитетно бидејќи ќе може да биде решение за многу од проблемите кои ги сметаме за долгорочни. 

Потоа следеше и дискусија на која се разговараше на низа прашања, како административните проблеми кои ги имаат сите жители надвор од Скопје, прашања во однос на превработеност наспроти неквалитетните кадри, но и прашања во однос на вистинското разбирање на децентрализацијата од страна на граѓаните, но и на институциите.

Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.

 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix