Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДМК) во соработка со Министерстовот за локална самоуправа и Општина Чаир организира панел дискусијата насловена: „Децентрализацијата како клуч за регионалниот развој во Република Северна Македонија“ на 29.10.2019 година во Оштина Чаир. Настанот е дел од програмата на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократијата“.
Целта на оваа активност е да придонесе кон афирмирањето на регионалниот развој како клучен сегмент на развојот на Државата кој води до подобрување на квалитетот на живеење, а со тоа значително придонесува кон напредувањето во евроинтеграциските процеси. Исто така, од панел дискусијата ќе бидат дефинирани заклучоци кои ќе одат во прилог на содржините на Поглавјето 22, Регионална политика и координација на структурните инструменти.
Посебна цел на оваа дискусија е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија, но и со остантите чинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници).
Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.