Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.
Проектот предвидува ре-грантова шема за финансиска поддршка на мали проекти спроведени од граѓански организации. Главната цел на шемата е да се поддржат иновативни идеи за охрабрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти.
Партнерите објавуваат јавен повик за 1 надворешен евалуатор кој ќе направи надворешна евалуација на проектите кои ќе бидат пријавени за грант. Евалуацијата ќе се изврши во текот на месец јануари.
Крајниот рок за пријавување е 27 декември. Деталниот јавен оглас може да го пронајдете овде.