Конзорциумот на проектот Link4Cooperation продолжува со имплементација на грантовата шема. По деталниот процес на проверка и со помош на искусна комисија, беа избрани 22 грантисти чии активности ќе бидат финансирани во следните 6 месеци. Во април и мај беа организирани 2 обуки, со цел организациите да се подготват за спроведување на проектите.
Обуките ги опфатија основните вештини и знаења кои и се потребни на една организација за успешна реализација на нивните проекти. Грантистите имаа можност да ги следат обуките за управување со проектен циклус, финансиско управување, комуникација и вмрежување и набавки и известување.
Првата дводневна обука беше организирана во Козарска Дубрица на 27 и 28 април 2023 година за 12 грантисти од општините Приједор, Костајница, Нови Град, Завидовиќи, Маглај и Жепче.
Втората дводневна обука беше организирана во Мостар на 4 и 5 мај 2023 година во Мостар за 10 грантисти од општините Мостар, Требиње, Јабланица, Берковиќ и Равно.
Со поддршка на искусни обучувачи и проектниот тим, грантистите работеа на развој на своите капацитети на нивните организации, кои во соработка со локалните власти ќе ги имплементираат нивните проектни идеи и ќе ги зајакнат нивните локални заедници.
За време на тренинзите, Агенцијата за локална демократија Мостар ги потпиша договорите со грантистите, со што тие официјално се подготвени да започнат со своите активности.