17Aug
2020
Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на...
28 February 2020
Со цел да го зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проектот беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските...
Со цел да го зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проектот беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. На ваков начин би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ интеграција.
28 February 2020
Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен...
Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво. Ефективните, функционални и одржливи механизми за соработка се клучен предуслов за создавање на овозможувачка околина за активно учество на граѓанското општество и граѓанскиот активизам на локално ниво.
Овозможувачката околина за граѓанското општество опфаќа различни политички мерки, законодавна и институционална рамка и неговата суштина е да има влијание врз подигнувањето на свеста за активно граѓанство, конструктивен и отворен дијалог и учество во донесување одлуки, кое што контекстуално влијае врз организациските капацитети и зголемен легитимитет на граѓанското општество.
Студијата дава увид во дел од политичките мерки започнати од страна на владата, како и голем број иницијативи од страна на локалните власти и граѓанското општество во Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди овозмувачка околина за подобрено граѓанско учество и учество на граѓанските организации во реформите на патот кон процесот на преговори за пристапување во ЕУ.
28 February 2020
Со цел да се зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проект беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските...
Со цел да се зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проект беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. Следствено на ова, дел од активностите беа фокусирани на јакнење на капацитетите преку спроведување на тематски обуки наменети за здруженија на граѓани и локалните самоуправи, притоа земајќи ја во предвид еднаквата регионална распределеност.
На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе.
Истражувањето има за цел да прикаже корисни и применливи препораки за транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации.
Оваа публикација ги содржи најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, како и транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните.
Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски можете да ја пронајдете подолу.