Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации 17Gush
2020

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации

Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на...
Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските...

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските...

9 janar 2020
Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е...

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации. 

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа

31 dhjetor 2019
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката...

Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката на добро управување во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Ново независните држави (НИС). Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби се обидува да ја исполни своjата мисија преку иницирање на истражување и поддршка на развојни и оперативни активности од областа на децентрализацијата, формирањето на јавната политика и реформата на јавната администрација.

Локална и регионална самоуправа во Европа

Локална и регионална самоуправа во Европа

31 dhjetor 2019
Денес, Советот на европски општини и региони (ЦЕМР) е најшироката организација што ги претставува Европските локални и регионални влади. Нејзините членови се 54 национални здруженија на општини и региони од 40...

Денес, Советот на европски општини и региони (ЦЕМР) е најшироката организација што ги претставува Европските локални и регионални влади. Нејзините членови се 54 национални здруженија на општини и региони од 40 европски земји, кои претставуваат над 100 000 локални и регионални власти. Нашата сила се потпира на силна соработка помеѓу Генералниот секретаријат, со седиште во Брисел и Париз, експерти од нашите здруженија членки и активни локални и регионални политичари. Заедно, ние се залагаме за вистинско партнерство помеѓу сите чинители на европското управување и за примена на принципот каде треба да се справат со најнискиот или најмалку централизираниот надлежен орган.
 

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа
27 dhjetor 2019

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа

Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво во РМ, во насока на доследно практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво. Со истражување на состојбите во 8 избрани општини во РМ од аспект на: нивното управувањето со јавните финансии, фискалната транспарентност, контролата и ревизијата на трошењето на јавните пари, преземените реформски активности и иницијативи од граѓаните во последните 3 години, ќе се добијат информации за видот и квантумот на преземени активности на локално ниво по иницијатива на граѓаните.

12345

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top