12Dec
2023
17 August 2020
Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на...
Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на животот на локално и национално ниво. Нивната успешност во реализирањето на овие цели во голема мера зависи од соработката со локалните власти и поддршката што ја добиваат од нив.
Со цел да го зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проектот беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. На ваков начин би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ интеграција.