Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Референдум на локално ниво: реалност или фикција?

  • 28 shkurt 2019
Референдум на локално ниво: реалност или фикција?

Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, ги заокружи активностите на својот проект „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ со промоција на студијата „Како до поттикнување на непосредно учество на граѓаните за прашања од локален интерес“ на 26 февруари, 2019 година. 

Фокусот на студијата е насочен кон подобрување на можностите за организирање на референдум на локално ниво и воедно содржи препораки за подобрување на законската рамка која го регулира ова прашање. Студијата е објавена на македонски и албански јазик.

Во таа насока, студијата дава препораки во однос на повеќе прашања, се со цел спроведувањето нa референдумот да биде поуспешно. Во функција на олеснување на постапката за распишување на референдум на локално ниво, потребно е ублажување на критериумите кои се однесуваат на бројот на потписи потребни за иницирање на референдум, зголемување на рокот за собирање на потребните прописи како и прецизирање на датумот на одржување на референдум.

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.

x

E-Buletini

Ndiqni lajmet brenda projektit ose regjistroheni në e-buletinin dhe ju do të merrni të gjithë informacionin në adresën tuaj të postës elektronike

Aplikacioni

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top