Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Формирање на ко-менаџмент тело со цел следење на имплементацијата на Стратегијата за млади во Општина Крушево

  • 8 janar 2019
Формирање на ко-менаџмент тело со цел следење на имплементацијата на Стратегијата за млади во Општина Крушево

На 28 декември, 2018 година во Крушево се одржа работна средба за формирање на ко-менаџмент тело за следење на имплементацијата на Стратегијата за млади во Општина Крушево како дел од проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“, спроведуван од Младински Совет Прилеп. 

На настанот присуствуваа преставници на локалната самоуправа на Крушево, локалниот Совет на млади, Младинскиот совет Прилеп,  невладиниот сектор како и професори и преставници на средношколски заедници.

Младинскиот совет Прилеп во соработка со локалниот Младински совет од Општина Крушево изготвија листа од номинирани членови, преставници на различни институции кои ќе бидат дел од ко-менаџмент телото со цел да придонесат во спроведувањето на локалната младинска стратегија. Номинираните членови и присутните се согласија со изборот.

На средбата генерално се дискутираше за начините на комуникација помеѓу членовите на телото и неговото функционирање и беа дадени дополнителни предлози во поглед на неговото усвојување и структура за да има поголемо влијание и добар план за следење на имплементацијата на стратегијата за млади.

Дополнително, во текот на месец јануари 2019 година, ќе се креираат и официјалните документи според кои ќе работи телото, односно Деловник за работа и Матрица за мониторинг и следење на имплементацијата на локалната младинска стратегија. 

Телото ќе доставува шестмесечни и годишни извештаи до Советот и  Градоначникот на Општина Крушево.

Проектот „Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa  ВРСКА.

x

E-Buletini

Ndiqni lajmet brenda projektit ose regjistroheni në e-buletinin dhe ju do të merrni të gjithë informacionin në adresën tuaj të postës elektronike

Aplikacioni

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top