Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво. Ефективните, функционални и одржливи механизми за соработка се клучен предуслов за создавање на овозможувачка околина за активно учество на граѓанското општество и граѓанскиот активизам на локално ниво.
Овозможувачката околина за граѓанското општество опфаќа различни политички мерки, законодавна и институционална рамка и неговата суштина е да има влијание врз подигнувањето на свеста за активно граѓанство, конструктивен и отворен дијалог и учество во донесување одлуки, кое што контекстуално влијае врз организациските капацитети и зголемен легитимитет на граѓанското општество.
Студијата дава увид во дел од политичките мерки започнати од страна на владата, како и голем број иницијативи од страна на локалните власти и граѓанското општество во Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди овозмувачка околина за подобрено граѓанско учество и учество на граѓанските организации во реформите на патот кон процесот на преговори за пристапување во ЕУ.
Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски можете да ја пронајдете подолу.
Издавач: Европска асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје
Автор: Кристина Хаџи-Василева, Билјана Цветановска Гугоска, Станка Парач Дамјановиќ
Година на издавање: 2018