Сметајќи дека целта на Советот на Европа е да се постигне поголемо единство меѓу нејзините членки со цел да се зачуваат и реализираат идеалите и принципите што се нивното заедничко наследство; Имајќи предвид дека еден од методите со кои треба да се постигне оваа цел е преку договори од областа на администрацијата; Имајќи предвид дека локалните власти се една од главните темели на секој демократски режим; Сметајќи дека правото на граѓаните да учествуваат во спроведувањето на јавните работи е еден од демократските принципи што ги споделуваат сите земји-членки на Советот на Европа; Имајќи предвид дека на локално ниво ова право може најдиректно да се остварува; Убедени дека постоењето на локалните власти со реални одговорности може да обезбеди администрација која е ефикасна и блиска до граѓаните;
Оriginal title : European Charter of Local Self-Government
Издавач: Council of Europe
Автор: Council of Europe
Година на издавање: 1985
Овој документ е на англиски јазик.