За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат критични знаења во врска со законските права и надлежности кои тие ги имаат како избрани претставници/претставнички. Оттука, сметаме дека овој Прирачник во голема мера ќе го олесни добивањето на потребни знаења на членовите и членките на општинските совети, ќе разреши некои од дилемите со кои членовите и членките на советите се соочуваат во врска со законското работење. На крајот се надеваме дека употребата на Прирачникот ќе придонесе кон поголема ефикасност, ефективност, транспарентност и спроведување на надзор во вршењето на советничката функција на локално ниво. Прирачникот дава можност за размислување, односно го отвора хоризонтот за натамошно дејствување и креирање на поголема политичка волја од локалните избрани претставници и претставнички во насока на развивање на локалната демократија.
Издавач: ОБСЕ
Автори: Маја Лазарова, Нина Шуловиќ, Кристина Јованова, Илија Стоилев
Година на издавање: 2018