Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“

  • 20 декември 2017
Се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“

На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. Конференцијата беше официјално отворена од страна на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г Кристијан Тимоние  и заменик министерот за Локална самоуправа, г. Дејан Павлески. 

Развојот на локалната демократија е основата на демократските процеси и претставува еден од приоритетите во евроинтеграциските процеси, поради што од особено значење е зајакнувањето на демократските капацитети на сите чинители во локалните средини и интензивирањето на грaѓанското учество. Конференцијата поттикна прашања за негување на локалната демократија, зголемување на граѓанското учество и соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во градењето на локалните политики.

Панелисти беа г. Аце Коцевски, градоначалник на Велес, г-ѓа Кристина Хаџи-Василева, експерт во областа на локалната демократија, г. Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации и проф. Илија Тодоровски, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.

Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓански организации.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top