Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Повик за експерти-истражувачи

Повик за експерти-истражувачи

Европската Асоцијација за Локална Демократија  (АЛДА) - Скопје објавува повик за избор на експерти-истражувачи во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. 

Прв состанок на партнерите во проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија“

Прв состанок на партнерите во проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија“

На 19 април 2017 година, во канцелариите на АЛДА Скопје се одржа првата средба на партнерите во новиот проект „Граѓански организации во служба на локалната демократија“.

Јавен повик за понуди за дизајн и печатење

Јавен повик за понуди за дизајн и печатење

АЛДА Скопје објавува повик за понуди за дизајн и изработка на банери и брошури за потребите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. 

Претставници од трите партнери го претставија проектот пред Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези

Претставници од трите партнери го претставија проектот пред Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези

Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези одржа средба со претставници од АЛДА Скопје, Европско движење и Здружение на финансиски работници со цел претставување на новиот проект „Граѓански организации во служба на локалната демократија“.

Повик за обуки за претставници на граѓански организации и општини

Повик за обуки за претставници на граѓански организации и општини

Подружницата на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА Скопје, Европското движење и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес објавува

Повик за обуки за претставници на граѓански организации и локални самоуправи

Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ ќе се спроведат серија бесплатни дводневни обуки наменети за претставници на граѓанските организации и локалните власти.

Втор состанок на Управниот одбор: Продуктивна дискусија за понатамошните активности

Втор состанок на Управниот одбор: Продуктивна дискусија за понатамошните активности

Европското движење во Скопје беше домаќин на Управниот одбор на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ на 31 октомври 2017.

Повик за доделување на грантови

Повик за доделување на грантови

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД), објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи

Одржани серија обуки за локалните власти и граѓанското општество

Одржани серија обуки за локалните власти и граѓанското општество

Во периодот од 23 ноември до 7 декември, беа одржани четири бесплатни дводневни обуки за вкупно 120 претставници од локалните власти и граѓанското општество. На обуките учесниците учеа за корисни алатки за локална демократија, буџетирање и транспарентност на локални финансии, финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти и раководење со проектен циклус и ЕУ фондови.

Поставувани прашања за Јавниот Повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Поставувани прашања за Јавниот Повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА)-Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија- Велес (ЗФР) и Европското движење (ЕД) го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија финансиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.

„Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“ ќе отвори дискусија за развојот на локалната демократија

„Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“ ќе отвори дискусија за развојот на локалната демократија

На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе се одржи конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. На конференцијата ќе учествуваат претставници на Министерството за локална самоуправа, дипломатски претставништва во Скопје, членови на општински совети, експерти од областа на локалната самоуправа, граѓански организации и други чинители од локално значење.

Јавен оглас за надворешен евалуатор

Јавен оглас за надворешен евалуатор

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.

Се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“

Се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“

На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. Конференцијата беше официјално отворена од страна на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г Кристијан Тимоние  и заменик министерот за Локална самоуправа, г. Дејан Павлески. 

Управниот одбор го одржа третиот состанок

Управниот одбор го одржа третиот состанок

Ова е втората година од спроведувањето на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. Денес, трите партнери: АЛДА Скопје, Европско движење и Здружение на финансиски работници, го одржаа третиот состанок на управниот одбор.

Јавен повик за избор на обучувач(кa) - Продолжен рокот за пријавување

Јавен повик за избор на обучувач(кa) - Продолжен рокот за пријавување

Партнерите објавуваат јавен повик за обучувач(кa) коj(a) ќе бидe ангажиран(a) на обукa во периодот помеѓу април и мај 2018 година.

Јавен оглас за изработка на веб апликација - Продолжен рокот за понуди

Јавен оглас за изработка на веб апликација - Продолжен рокот за понуди

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.

Јавен оглас за дизајн и печатење

Јавен оглас за дизајн и печатење

Во рамки на проектот, партнерите објавуваат повик за понуди за дизајн и печатење.

Ре-грантовата шема започна да се спроведува

Ре-грантовата шема започна да се спроведува

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на Финансиски работници од Велес и Европското движење го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015. Во рамки на проектот, партнерите спроведуваат ре-грантова шема за локални граѓански организации.

Јавен повик за преведувач на албански јазик

Јавен повик за преведувач на албански јазик

Во рамки на проектот, партнерите објавуваат повик преведувачи на албански јазик.

Прва обука за наградените организации во регрантовата шема

Прва обука за наградените организации во регрантовата шема

На 27 април 2018 се одржа првата обука за претставници од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Се одржа втората обука за грантистите

Се одржа втората обука за грантистите

На 3 мај 2018 година се одржа втората обука за претставниците од организациите наградени во регрантовата шема во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top