Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Одржани серија обуки за локалните власти и граѓанското општество

  • 11 декември 2017
Одржани серија обуки за локалните власти и граѓанското општество

Во периодот од 23 ноември до 7 декември, беа одржани четири бесплатни дводневни обуки за вкупно 120 претставници од локалните власти и граѓанското општество. На обуките учесниците учеа за корисни алатки за локална демократија, буџетирање и транспарентност на локални финансии, финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти и раководење со проектен циклус и ЕУ фондови.

Се одржаа вкупно четири обуки:

- „Алатки за локална демократија” - 23-24 ноември, Битола;
- „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ - 27-28 ноември, Струга;
- „Локални финансии: буџетирање и транспарентност“ - 30 ноември - 1 декември, Велес;
- „Како да се креира транспарентен процес за финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти – методологија“ - 6-7 декември, Струмица.

Официјалното отворање на обуките се одржа на 23 ноември во Битола, каде се обратија градоначалникот на општина Новаци, г. Љубе Кузмановски и г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција на Р. Македонија. Честа да ја отвори обуката „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ во Струга ја имаше Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција.

Обуката во Струмица на тема „Како да се креира транспарентен процес за финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти - методологија“ беше отворена од г-н Коста Јаневски, градоначалник на Струмица. Обуката „Локални финансии: буџетирање и транспарентност“ во Велес беше официјално отворена од страна на г-н Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Серијата обуки се одржаа во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015. Обуките беа поддржани од децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Проектот се реализира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското Движење.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix