- Со општината управуваат Градоначалник и Совет на општината. Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината, а го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Градоначалникот се избира секоја четврта година, на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со законот со кој се регулираат локалните избори.