Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Дигитална библиотека

Отчет и одговорност во контекст на општинскиот буџет

Отчет и одговорност во контекст на општинскиот буџет

Обврска на Општинската администрација, Градоначалникот на општината и Советот на општината е континуирано да обезбедуваат информации со коишто ќе се следи извршувањето на буџетот на општината, со јасно дефинирање на точни, конкретни, мерливи и споредливи индикатори со кои ќе се мери не само извршувањето на буџетот туку и степенот на ефикасност, економичност и ефективност.

Отчетност

Отчетност

Отчетност – подразбира дека институциите ќе даваат извештај за својата работа и постигнувања пред граѓаните. 

Што претставува одговорност на општината односно на лицата избрани на јавни функции?

Одговорност е обврската на општината, односно лицата избрани на јавни функции на локално ниво за штетата предизвикана на трети лица од постапките или пропустите во текот на извршувањето на нивните надлежности.

Ребаланс на буџетот

Во текот на годината за одредени утврдени намени и програми доколку има потреба од нивно менување или дополнување, Советот на општината донесува Одлука. Постапката во практика се нарекува ребаланс на буџетот на општината.

Кои се видовите финансиски извештаи?

Со закон се пропишани следните периодични извештаи во единиците за локална самоуправа: месечни извештаи, квартални извештаи и годишни извештаи.

Кои се месечните извештаи?

Месечни извештаи се:
o месечен извештај за извршување на приходите и расходите М-1; 
o месечен извештај за достасани ненамирени обврски М-2;

Квартални извештаи се:

o квартален извештај за извршување на буџетот на општината К-1; 
o квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општината К-2;
o квартален извештај за задолжување на општината К-3;

Кои се годишните извештаи?

Годишни извештаи се:
• Финансиски извештаи;
• Завршна/годишна сметка – текстуален дел (одобрена од Совет);
• Годишен извештај (согласно со одредбите на Законот за финансирање на ЕЛС);
• Годишен извештај (согласно со одредбите на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола);
• Годишен извештај за користење на средствата од резервите.

Што е локална демократија?

Локалната демократија е: форма на демократија која им овозможува на граѓаните учество во процесите на донесување на одлуки за прашања кои ги засегаат, на локално ниво, во средината во која што живеат.

Дали постои некој меѓународен документ кој го регулира граѓанско учество во донесувањето одлуки ?

-  Кодексот на добри практики за учество на граѓаните во процесот на донесуување на одлуки, донесен од Конференцијата на Меѓународни невладини организации на Совет на Европа (Conference of INGO of the Council of Europe) ги дефинира следните принципи на граѓанското учество: учество, доверба, отчетност и транспарентност, независност и др. 

Што е Европската повелба за локална самоуправа?

- Европската повелба за локална самоуправа (European Charter for Local Self Government) е најважниот документ за локална самоуправа на европско ниво.

Како граѓаните можат непосредно да учествуваат во донесување на одлуки на локално ниво?

- Според Законот за локална самоуправа, во Република Северна Македонија граѓаните можат да учествуваат во донесување на одлуки преку: Граѓанска иницијатива, собир на граѓани и референдум.

Што е локален референдум?

Референдум е облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за локалната заeдница.

Што е општина?

- Општина претставува локална самоуправна административна единица која опфаќа повеќе населени места. Општината има градоначалник и совет во кој членуваат избрани претставници на локалното население.

Кои се симболи на општината?

- Симболи на општината се грб и знаме. Грбот и знамето на општината се разликуваат од грбот и знамето на Република Македонија и грбот и знамето на другите општини и Градот Скопје, грбот и знамето на другите држави, од единици на локалната самоуправа на други држави и на меѓународни организации. 

Колку општини има во Република Северна Македонија?

- 80 општини плус градот Скопје како посебна единица на локална самоуправа.

Кои се надлежностите на општината?

Општината ги има следните надлежности:
-Урбанистичко планирање
-Заштита на животната средина и природата
-Локален економски развој
-Комунални дејности
-Културата
-Спорт и рекреација
-Социјална заштита и заштита на децата
-Образование
-Здравствена заштита
-Заштита и спасување и
-Противпожарна заштита
-Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и
-Други работи определени со закон 
 

Како општините ги извршуваат своите надлежности?

- Општините согласно законот самостојно ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење. Општините своите надлежности ги извршуваат преку своите органи (Градоначалник и Совет на општината). 

Кој управува со општината?

- Со општината управуваат Градоначалник и Совет на општината.

На кој начин граѓаните го остваруваат правото на локална демократија (локална самоуправа)?

- Граѓаните го остваруваат правото на локална демократија (самоуправа) непосредно и посредно преку претставници во органите на општината. 

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top