- Општините согласно законот самостојно ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење. Општините своите надлежности ги извршуваат преку своите органи (Градоначалник и Совет на општината). Согласно законот органи на државната управа можат да делегираат извршувањето на определени работи од своја надлежност на градоначалникот на општината.