- Европската повелба за локална самоуправа (European Charter for Local Self Government) е најважниот документ за локална самоуправа на европско ниво. Донесена е од Советот на Европа во 1985 година, а во Република Северна Македонија е ратификувана во 1997 година. Европската повелба предвидува локалната самоуправа да биде предвидена со закон, а во оние земји каде што е можно и со устав. Според Повелбата правото на локалната самоуправа се подразбира како право и способност на локалните власти, во границите на законот, да ги регулираат и да раководат со јавните работи, врз основа на сопствената одговорност и во интерес на локалното население.