Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на животот на локално и национално ниво. Нивната успешност во реализирањето на овие цели во голема мера зависи од соработката со локалните власти и поддршката што ја добиваат од нив.
Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР), во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје и Европското движење, подготви Истражување на финансиската и нефинанасиска поддршка на граѓанските организации од локалните власти.