На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе.
Истражувањето има за цел да прикаже корисни и применливи препораки за транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации.
Оваа публикација ги содржи најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, како и транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните.
Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски можете да ја пронајдете подолу.
Издавач: Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес
Автор: Борче Треновски, Марина Трпеска
Година на издавање: 2019