Овој Водич има за цел да одговори на зголемената побарувачка од канцелариите на УНДП и широк спектар на национални чинители за насоки за мноштвото алатки и методи што се користат за мерење, проценка и следење на управувањето на локално ниво. Водичот го користи терминот „локално управување“ за да се покрие опсегот на прашања поврзани со управувањето што постојат на локално ниво, вклучително и децентрализацијата на политиките и процесите, улогите и меѓусебните врски на различни актери и институции, локалната демократија и ефикасноста на локалната самоуправа. Водичот комбинира дискусија за теоретски/концептуални прашања во врска со локалното управување со преглед на минатите и тековните иницијативи за проценка на истото. Зголемувањето на различни проценки и индикатори резултираше во одредена конфузија околу тоа кои алатки да се користат, како треба да се применат како и нивните слабости и јаки страни.