Иницијативата за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (ЛГИ), во партнерство со Центарот за истражување на Токвил (Т-РЦ) во Будимпешта, спроведува повеќегодишен проект под наслов „Индикатори за локалното демократско управување“. Проектот има за цел да им помогне на носителите на одлуки и истражувачите да ја проценат и објаснат состојбата на локалната демократија во земјите од Централна и Источна Европа. Иако постојат бројни меѓународни иницијативи за истражување кои ја испитуваат состојбата на демократијата на национално ниво, само ограничен број на компаративни истражувања се започнати на субнационално ниво.