Целта на истражувањето "Учество на граѓанските организации во прекугранична соработка" е да даде јасна слика за учество на граѓанските организации од Република Македонија во програмите за прекугранична соработка, фокусирајќи се на следните прашања:
- Учество на граѓанските организации во проекти за прекугранична соработка,
- Учество на граѓанските организации во процесот на планирање и донесување на одлуки во програмите за прекугранична соработка,
- Соработка меѓу граѓанските организации, општините и другите чинители во проекти за прекугранична соработка.
Издавач: Европска асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје
Автор: Ивана Петровска
Година на издавање: 2017