Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје.
Со децентрализацијата на власта, голем дел на прашања што се од исклучива важност за граѓаните, добија локално значење. На тој начин граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење.
Издавач: Проект за децентрализација во Македонија
Автор: Душица Перишиќ, Никола Јовановски, Ѓорѓи Велковски
Година на издавање: 2008