Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското општество во целина, со што се отвори основата за нејзината соработка со ГО и презеде систематски пристап во зајакнувањето на основните услови за побрз и поефикасен развој на овој сектор. Стратегијата се однесува на соработката со здруженијата и фондациите, како дел од поширокиот граѓански сектор, со цел да се обезбеди инклузивен процес и вклучување на граѓанското општество во процесите на креирање политики. Во периодот по донесувањето на Стратегијата, преземени се голем број активности, секоја со цел спроведување на целите и мерките и зајакнување на секторот. Следејќи го примерот на таа стратегија, донесени се голем број други стратегии и документи, преку кои институции на национално и локално ниво изразија заложба за развој на одредени области важни за работата на граѓанското општество и вклучување на ГО во меѓусекторски иницијативи.
Оriginal title : Strategy for Cooperation of the Government with the civil society: 2012-2017
Издавач: Влада на Република Македонија
Автор: Влада на Република Македонија
Година на издавање: 2012
Овој документ е на македонски и англиски јазик.