Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

Проекти

Media4EU Тематски форум – Агрикултура; рурален развој; Заеднички земјоделски политики

  • 10 јуни 2024
  • Author: ALDA Skopje
  • Number of views: 2227
  • 0 Comments
Media4EU Тематски форум – Агрикултура; рурален развој; Заеднички земјоделски политики

На 6ти и 7ми Јуни, во Струмица се одржа тематскиот форум – „Агрикултура; рурален развој; Заеднички земјоделски политики“  Јавност, улогата на медиумите и цивилниот сектор Југоисточен регион. 

Настанот е дел од 3-годишниот проект Media4EU имплементиран од конзорциум партнери и предводен од Евротинк – Центар за европски стратегии во партнерство со АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија и BIRC – Балкански институт за регионална соработка. Иницијативата има за цел да ги зајакне капацитетите на медиумите и новинарите во Северна Македонија во известувањето и следењето на процесот на интеграција на земјaта во ЕУ. За да се постигнат овие цели, проектот има предвидено работилници и организирани размени за новинари за споделување практики и искуство и за достигнување на европските медиумски стандарди за известување. 
Дводневниот настан започна со воведна сесија Виолета Глигороска, претставник на Евротинк, која го претстави проектот Media4EU, неговата улога, цели и влијание. Следната сесија вклучуваше презентација за ИПАРД 3 програмата, а присутните учесници беа охрабрени да ја подигнат свеста за таквите средства и да ги мотивираат земјоделците да аплицираат.


На следната сесија се одржа презентација на проф. д-р Душан Спасов од УГД-Штип. Тој стави акцент на улогата што различни институции и политики можат да ја играат во производството на храна, особено за мала земја како Северна Македонија. За време на неговата сесија, тој забележа како новите прописи за безбедност на храната можат да влијаат на земјоделците, особено на оние кои штотуку почнуваат или имаат мало производство. Подоцна тој ги истакна и претстојните обуки за различни сектори, од советници до земјоделци. Првиот завржи после продуктивна дискусија. 

Следниот ден започна со презентација на Сузана Трајковска од МТВ „Аграр“. Таа ја истакна потребата на земјоделците да имаат советници кои можат да им помогнат при аплицирањето за грантови. Сузана ја нагласи и клучната улога на новинарите и медиумите во следењето на целосната исплата на субвенциите за земјоделците и обезбедувањето целосна транспарентност. На прашањето за подигање на свеста за средствата и субвенциите, таа препорача обуки, натпревари и национални кампањи организирани од владата, министерствата и граѓанското општество како ефективни методи. Потоа следеше дискусија на актуелните телевизиски и радио програми за земјоделството, кои се популарни не само меѓу земјоделците, туку и кај пошироката јавност. 


Во текот на двата дена, учесниците се вклучија во дискусии и презентации кои ја истакнаа важноста на свесноста за транспарентност и поддршката за земјоделците во Северна Македонија. Форумот ја покажа посветеноста на Media4EU за зајакнување на медиумските капацитети низ Северна Македонија и поттикнување придонес за земјоделскиот и руралниот развој на земјата.
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

Категории

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix