Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

Проекти

30 години со Агенциите за локална демократија на Балканот: Пат кон напредок и европска интеграција

  • 13 јуни 2023
  • Author: ALDA Skopje
  • Number of views: 4448
  • 0 Comments
30 години со Агенциите за локална демократија на Балканот: Пат кон напредок и европска интеграција

За време на генералното собрание на АЛДА во Брисел, на 9 јуни 2023 година, се одржа панел „30 години со Агенциите за локална демократија на Балканот“. На панелот се разговараше за условите во регионот и работата на АЛДА во овие изминати години. Шестте панелисти се навратија на тешкото минато на Балканот, на досегашната работа за одржување на мирот и европската иднина кон која денес тежнее регионот. Воедно беа претставени нови перспективи за развојот на демократијата и предизвиците што следуваат.


Панел дискусијата ја започна г-ѓа Антонела Валморбида, генерален секретар на АЛДА, која се наврати на почетоците на АЛДА и основањето на првата Агенција за локална демократија -АЛД на Балканот, во 1993 година. Таа ја истакна историска важност од формирањето на агенцијата и импактот кај локалното население.
Г-ѓа Душица Давидовиќ, член на Конгресот на локални и регионални власти, од Советот на Европа и Заменик-градоначалник на градот Ниш, Србија, ја поврза значајната улога на агенциите за локална демократија во обновата на довербата кај жителите во постконфликтните области.
Г-ѓа Виола фон Крамон-Таубел, пратеник во Европскиот парламент, зборуваше токму за вредноста на децентрализацијата и моќта на одлучување на локално ниво, нагласувајќи ја потребата од споделување на знаења и поддршката од ЕУ.
Г-дин Елберт Красниќи, министер за администрација на локалната самоуправа на Република Косово*, го сподели своето лично искуство со АЛДА, како нејзин поранешен делегат. Неговата перспектива е сега од поинаков, институционален агол, но целта за одржување на демократијата и мирот останува иста.
Г-ѓа Драгица Мартиновиќ, заменик-претседател на Комитетот за следење на Западен Балкан на ЕЕСС, ја истакна важноста на дијалогот и меѓународната соработка. Земјите од Западниот Балкан имаат поддршка успешно да го изодат патот кон евро-интеграциите.
Г-ѓа Наташа Вучковиќ, директор на Центарот за демократија, Белград, се осврна на значењето на меѓусекторска соработка и заедничката борба против нееднаквостите, како секојдневен труд и работа.
Последниот панелист, г-дин Емир Чориќ, од Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна потребата од директно учество на граѓаните во процесот на пристапување во ЕУ.
Модераторот, г-ѓа Катица Јанева од АЛДА, раководител на Одделението за Западен Балкан, ја заврши панел сесијата.


Дискусијата се покажа како прониклива, инспиративна и незаборавна и за учесниците и за присутните. Агенциите за локална демократија ќе продолжат да ги градат врските помеѓу институционалните актери и граѓаните, да поттикнуваат на соработка, овозможувајќи им на граѓаните да ги изразат своите ставови и подобро да ги разберат условите во регионот. АЛДА останува на својата цел, да се залага за создавање на подобри услови за живеење на граѓаните на балканските земји, но и во соседството.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

Категории

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix