28ноем.
2023
31 декември 2019
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката...
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката на добро управување во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Ново независните држави (НИС). Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби се обидува да ја исполни своjата мисија преку иницирање на истражување и поддршка на развојни и оперативни активности од областа на децентрализацијата, формирањето на јавната политика и реформата на јавната администрација.
27 декември 2019
Овој документ се заснова на работата извршена во последните пет години од страна на нашите 350 членови, локално и регионално избрани претставници. Ние работиме заедно низ целиот регион и градови во Европа за да се...
Овој документ се заснова на работата извршена во последните пет години од страна на нашите 350 членови, локално и регионално избрани претставници. Ние работиме заедно низ целиот регион и градови во Европа за да се осигураме дека ќе се слушнат гласовите на нашите заедници. Нашата цел е да ја зајакнеме Европската унија преку вклучување на регионалните и локалните власти во процесот на одлучување на ЕУ, тесно соработување со сите нивоа на власт и директно со граѓаните преку постојан дијалог. Ние сакаме локално да ги прицврстуваме политиките на ЕУ и да бидеме сигурни дека тие соодветно се снабдени.
Спектакуларно напредување на локалната и регионалната демократија беше главна иновација на демократијата од 20 век. Признавањето на локалната демократија од земјите членки на Советот на Европа доведе до изработка на Европската повелба за локална самоуправа - првиот меѓународно обврзувачки договор со кој се гарантираат правата на заедниците и нивните избрани органи. Овој текст, кој ја потврдува улогата на заедниците како прво ниво за практикување демократија има за цел да стане пример за меѓународен договор во оваа област.