Рурална Коалиција - Куманово го споведуваше проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“ 1 година на територија на Општина Старо Нагоричане. Рурална Коалиција го креираше овој проект со цел да се овозможи подигање и јакнење на свеста кај граѓаните на општина Старо Нагоричане за потребата од нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, односно вклучување во локалната демократија каде се создаде локална активна платформа од сите чинители кои што продонесуваат кон развојот на општината.
За целите проектот, како и за самото спроведување, предизвици и добри практики разговаравме со Елизабета Ристеска-Мрческа, проектен координатор при Рурална Коалиција - Куманово.