Дебар и Кавадарци се следните дестинации на нашиот проект. Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес продолжува со организација на форумите посветени на “Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти- состојби, можности и предизвици”.
Форумот во Кавадарци ќе се оддржи на 18 декември 2019 година, во просториите на Општина Кавадарци со почеток во 13.00 часот.
Форумот во Дебар ќе се оддржи на 19 декември 2019 година, во хотел „Венец“ - Дебар, со почеток во 11.00 часот.
Целта на форумот е да се поттикне дискусија за утврдените состојби, заклучоците и препораките за подобрување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти, кои се дел од Истражувањето на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти.
Добредојдени се преставници на општини и граѓански организации од двата града и нивните околини, како и заинтересирани граѓани.
За повеќе информации можете да го контактирате Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија на zfrlsjpv@t.mk.
Форумите се организирани во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од Европската Унија.