На 21.12.2018 година во Американ Корнер, Скопје во рамки на проектот "Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" се одржа симулација на постапка за спроведување на локален референдум организирана од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ.
Преку оваа активност беа зајакнати капацитетите на локалните граѓански организации, граѓанските активисти и поединци за идентификување на проблемот и негово специфицирање, презентирање во јавноста и пред надлежните органи како и лобирање за истото, се додека стигне прашањето до ниво на одлучување на совет на општина или Совет на Град Скопје или преку покренување на граѓанска иницијатива на локално ниво.
Проектот "Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.