Во рамките на проектот „ Strengthening local participation and cooperation through partnership of Public Authorities and CSOs in Bosnia and Herzegovina – LINK 4 Cooperation “ финансиран од Европската Унија, на 9 декември 2022 година во Приједор се одржа вториот Форум за споделување на најдобрите практики на соработката на граѓанските организации и локалната самоуправа.
Форумот обедини претставници на меѓународната заедница и повеќе од 60 претставници на локалните власти и граѓански организации од Берковиќи, Јабланица, Костајница, Маглај, Мостар, Невесиње, Нови Град, Приједор, Равно, Требиње, Завидовиќи и Жепче, кои заеднички идентификуваа конкретни предизвиците на соработката и активно работеа на изнаоѓање оптимални решенија за клучните предизвици во нивните локални заедници.
Во рамките на партиципативниот дел од Форумот, сесијата на World Café „Мојот град, мојата улица“ учесниците се поделиеја во три работни групи, со цел да се рангираат клучните предизвици во нивните градови/општини и да се детектираат активности кои ќе резултираат со нивни решенија.
Заклучоците и препораките на Форумот се сумирани во следниот ДОКУМЕНТ на офцијалните јазици на Босна и Херцеговина.