Во рамките на проектот на Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ,„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво на 5ти и 6ти септември 2018 година се одржаа две обуки наменети за зајакнување на капацитетите на општинската администрација и граѓанските организации. Првата се одржа во општина Бутел а втората во Општина Гази Баба.
Целта на проектот е, граѓаните активно да го користат референдумот за решавање на нивните локални проблеми. Во таа насока на тренинзите обраќања имаа градоначаликот на општина Бутел, Велимир Смилевски како и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.
Преку овие обуки се охрабруваат граѓаните масовно да практицираат облици на непосредна демократија како што е референдумот.
Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.