На 24 ноември 2018 год. се одржа Третиот Граѓански Форум во Општина Старо Нагоричане како дел од проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!”.
Како еден од приоритетите кои ќе влезат во новата стратегија за локален економски развој е и руралниот туризам, што воедно беше и тема на дискусија на овој граѓански форум. На форумот присуствуваа и Градоначалничката на Општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, како и Претседателот на Советот на Општина, Јовица Јанчиќ.
Проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“ е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.
Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.