Здружение на граѓани ВЕЛЕС БАЈКИНГ го споведуваше проектот “Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!” 1 година на територијата на Општина Велес, Општина Кавадарци и Општина Градско. Велес Бајкинг го креираше овој проект со цел подигање на свеста и создавање на здрави навики и вредности кај децата и возрасните, дефокусирање и оддалечување од современите технолошки уреди (телевизија, компјутери, мобилни) кои се премногу присутни во животот на најмладите, подигнување на свеста за позитивно влијание на физичката активност на отворено врз здравјето на луѓето, воведување во спортот на отворено преку игра, создавање на креативни, иновативни и комуникативни вредности кај децата, како и интеракција на мали и големи на отворен простор.
За целите на проектот, како и за самото спроведување, предизвици и добри практики разговаравме со Зоран Јаневски, Претседател на Велес Бајкинг - Велес