Интернет-страницата „Референдум“ беше пуштена во употреба. Таа беше направена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“.
„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 –февруари 2019 година.
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Интернет-страницата има цел да ја подобри информираноста на граѓаните и достапните информации за темата.
Овој проект е финансиран од Европска Унија и се имплементира во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – ЗФР и Европското движење во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, кој има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво.
Референдум.мк