Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Проектот Media 4 EU официјално започна

  • 30 март 2023
Проектот Media 4 EU официјално започна

На 29 март 2023 година, во Скопје, Македонија, Евротинк – Центарот за европски стратегии, заедно со партнерите Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА и Балкански институт за регионална соработка – БИРС, го одржа почетниот почетниот јавен настан (kick-off meeting) за тригодишниот проект „Медиумите за ЕУ“  Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Настанот обедини 30 претставници на меѓународни тела, национални и локални медиуми и граѓански организации. Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир ја отвори конференцијата, истакнувајќи дека овој проект игра важна улога во процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. По неговото обраќање  следуваше говорот на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој ја истакна поддршката што Владата кон проектот и важноста на овој тип на проекти во борбата против дезинформациите.

Конференцијата се заокружи со обраќање на проектните партнери, кои зборуваа за деталите и активностите, како и за нивната посветеност на проектот и целите. Марко Боариа ја претставуваше АЛДА на конференцијата и накратко ја презентираше работата и ангажманот што организацијата го има на темата медиуми.
Media 4 EU е 3-годишен проект имплементиран од Евротинк, АЛДА и БИРС и финансиски подржан од Европската Унија. 
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix