Проектот Link 4 cooperation, финансиран од страна на Европската унија споделува добри практики поврзани со добро владеење.
Со цел да се поттикне промоција на инцијативи во областа на доброто владеење на локално ниво, проектот има посебен простор на својата интернет страна каде граѓанските оргизации или пак неформалните групи можат да ги споделат искуства.
Доколку преку својата работа, граѓанските организации на територија на Босна и Херцеговина спровеле иницијатива или имаат идеја за активност која има за цел да ги го поттикне доброто владеење во заедницата, можат истата да ја споделат со едноставен онлајн формулар.
Со споделување на иницијативите, организациите ќе добијат свое промотивно место на интернет страната на проектот и на социјалните мрежи на следниот линк.
Проектот Link 4 cooperation е проект спроведуван на територија на Босна и Херцеговина од страна на 4 локални партнери, Агенција за локална демократија Мостар, Агенција за локална демократија Завидовичи, Агенција за локална демократија Приједор и Центарот за развој на Херцеговина, во соработка со Европската асоцијација за локална демократија- АЛДА и АЛДА Скопје.