Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

ELoGE во Босна и Херцеговина

  • 23 март 2022
ELoGE во Босна и Херцеговина

Програмата ELoGE - Европската ознака за извонредност на управувањето во Босна и Херцеговина, официјално започна со 17 март 2022 година, во Завидовичи, со нејзиното промовирање за време на „Форум за споделување на добри практики за соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти“, организиран во рамките на проектот  “LINK 4 Cooperation - Strengthening local participation and cooperation through partnership of Public Authorities and CSOs in Bosnia and Herzegovina”.

Проектот LINK 4 Cooperation е создаден во соработка со Центарот за експертиза за добро управување на Советот на Европа со цел да се спроведе ELoGE методологијата за прв пат во Босна и Херцеговина. Процесот преставува основа за градење на капацитети на локалните власти, креирање на соработка со мали граѓански здружение и да се воспостават добри односи со локалните власти. 

АЛДА е долгогодишен партнер на Советот на Европа, и беше акредитирана да ја спроведе ELoGE методологијата во Северна Македонија, Хрватска и Косово*. Земајќи ја во предвид мисијата, промоција на добро владеење и соработка помеѓу локалните власти и граѓаните, АЛДА преставува идеален и соодветен партнер за спроведување на овој процес. 

За време на настанот,  Антонела Валморбида, го сподели искуството на АЛДА при спроведување на методологијата во овие три земји и партнерството за имплементација во Босна и Херцеговина. Овој настан беше можност да се истакне важноста на оценување на локалните процеси и јавните услуги во насока на подобрување на развојот на заедницата. 

12 општини од Босна и Херцеговина ќе бидат дел од процесот на само-оценување. Проектот се спроведува од акредитираниот конзорциум на партнери кој се состои од Агенциите за локална демократија од Мостар, Приједор и Завидовичи, Центарот за развој на Херцеговина и АЛДА. Проектот е финансиски подржан од Европската унија и Советот на Европа. 
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top