Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Форум за споделување на добри практики за соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти во Завидовичи (БиХ)

  • 21 март 2022
Форум за споделување на добри практики за соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти во Завидовичи (БиХ)

Националниот „Форум за споделување на добри практики за соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти“, организиран во рамките на проектот  “LINK 4 Cooperation - Strengthening local participation and cooperation through partnership of Public Authorities and CSOs in Bosnia and Herzegovina” се одржа во Завидовичи, Босна и Херцеговина, на 17 март 2022 година. 

Настан организиран во хибриден формат обедини повеќе од 50 учесници, претставници на меѓународна заедница во Босна и Херцеговина, 12 градоначалници/ претседатели на општини и претставници на граѓански и Grass-root организации. Форумот беше организиран од страна на Агенцијата за локална демократија во Завидовичи во партнерство со Град Завидовичи. 

Целта на настанот беше да се процени моменталната состојба на учество и соработка на локалната самоуправа со невладините организации. Информациите кои беа собрани за време на сесиите беа срочени во документот наречен „Нулта документ“ со цел да се детектираат основните проблеми на соработката помеѓу локалните власти и цивилниот сектор.

Форумот беше и проследен со официјално започнување на ELoGE програмата во Босна и Херцеговина. 

АЛДА и АЛДА Скопје како партнери во конзорциумот во проектот придонесуваат со своето долгогодишно искуство во полето на локалниот развој во Западен Балкан и Босна и Херцеговина.

Активностите на LINK 4 Cooperation имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на граѓанските организации вклучени во процесите  на јавните политики во насока на создавање на вешти и доверливи партнери во процесот на креирање на политики и реформи во Босна и Херцеговина. Проектот е финансиски подржан од страна на Европската Комисија. 

Повеќе информации и слики можете да пронајдете на :

Интернет страница на LINK 4 Cooperation

Instagram

Facebook

 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top