21 јануари 2020
Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локални младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната...
Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локални младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија.Со цел фокусирање на најприоритетните проблеми за младите во Крушево, преку реализација на фокус група се селектираа приоритети на кои понатаму ќе се однесува стратегијата. Приоритетите за Крушево беа Култура, Образование, Спорт, Здравје и Младинско учество. За детектирање на состојбата во овие приоритети беше спроведена електронска анкета за млади луѓе на возраст од 15 – 29 години, како и тематски фокус групи.