28ноем.
2023
23 јули 2021
Проектот промовира принципи на добро управување со цел ефективно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа во Босна и Херцеговина. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните власти...
Проектот промовира принципи на добро управување со цел ефективно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа во Босна и Херцеговина. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните власти (советници и општински службеници) и граѓанското општество во спроведувањето на активности за партиципативно учество.
22 октомври 2020
Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот....
Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот. Предизвиците кои се идентификуваат се разгледуваат низ елементите на данокот на имот и тоа предизвици во утврдување на даночната база и процена на вредноста на имотот како и управувањето со системот (техничко- административни).
Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации.
Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.
Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје.
Со децентрализацијата на власта, голем дел на прашања што се од исклучива важност за граѓаните, добија локално значење. На тој начин граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење.
Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво во РМ, во насока на доследно практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво. Со истражување на состојбите во 8 избрани општини во РМ од аспект на: нивното управувањето со јавните финансии, фискалната транспарентност, контролата и ревизијата на трошењето на јавните пари, преземените реформски активности и иницијативи од граѓаните во последните 3 години, ќе се добијат информации за видот и квантумот на преземени активности на локално ниво по иницијатива на граѓаните.
АЛДА ја координира и поддржува мрежата на 14 локални агенции за демократија (ЛДА) и 3 оперативни партнери (ОП) во нивните активности. АЛДА работи низ проширената Европа. Повеќето од локалните...
Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од...